Дваесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако полицијата кај него пронашла неколку пакувања со бела прашкаста материја.
– На 28.05.2026 година во 19:10 часот, од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, од слобода бил лишен М.И. (24) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, истиот ден, на автопатот во правец од Граничниот премин Табановце кон Куманово, било сопрено патничко моторно возило „Фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И.
– При извршената контрола, во возилото биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста материја, информираат од полицијата.
Од извршените проверки, како што додаваат од МВР, било констатирано дека лицето издржува казна затвор и во моментот се наоѓа на пауза.
– За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението.
Никола Ивановски

