Загаденоста на воздухот е поопасна од пушењето, алкохолот, маларијата и сидата?

Сподели со своите пријатели

Загаденоста на воздухот го скратува животот за околу три години и предизвикува 8,8 милиони предвремени смртни случаи годишно, соопштија во вторникот научниците.

Loading...

Отстранувањето на токсичен коктел од молекули и честички што ги „затнуваат“ белите дробови што се резултат на согорувањето на нафта, гас и јаглен, би вратиле во просек цела година живот, според трудот објавен во Cardiovascular Research.

10 држави кои наскоро можеби нема да постојат

„Загадувањето на воздухот е поголем ризик за јавното здравје отколку пушењето“, вели директорот за истражување Џош Лајлвелд од Институтот Макс Планк во Мајнц.

Споредено со другите фактори, загадувањето на воздухот убива 19 пати повеќе луѓе секоја година од маларија, девет пати повеќе ХИВ/СИДА и три пати повеќе луѓе од алкохолот, се наведува во студијата.

Срцевите заболувања и мозочен удар се одговорни за скоро половина од овие смртни случаи, а заболувања на белите дробови и други болести како што се дијабетес и висок крвен притисок, претставуваат најголем дел од останатите смртни случаи.

Рај за белите дробови: Ова се градовите со најчист воздух

Само шест проценти од предвремената смртност се должи на рак на белите дробови како резултат на загаден воздух.

Loading...

„Нашите резултати покажуваат дека постои пандемија на загадување на воздухот“, вели Томас Манкел од Институтот Макс Планк.

„И загадувањето на воздухот и пушењето можат да се спречат, но во последните неколку децении, многу помалку внимание се посветува на загадувањето на воздухот отколку пушењето, особено кај кардиолозите“.

13 здравствени проблеми кои ги предизвикува загадениот воздух

Најтешко погодениот регион е Азија, каде просечниот животниот век е намален за 4,1 години во Кина, 3,9 години во Индија и 3,8 години во Пакистан.

Во Африка, очекуваниот животен век е пократок за 3,1 години, а во некои делови од 4,5 на 7,3 години.

Leave a Reply