10 држави кои наскоро можеби нема да постојат

Сподели со своите пријатели

Низ историјата пропаѓале многу царства и држави, нациите исчезнувале или се трансформирале, а тој процес секако не е завршен.

Политичките аналитичари објаснуваат како поимот за нацијата, односно државата, не е траен, а секако не е ни вечен.

Loading...

Уште еден глечер се распадна на парчиња: Антартик се загрева уште побрзо

Иако државите најчесто исчезнувале така што биле освоени и поделени меѓу нивните непријатели, се чини дека земјите во иднина ќе имаат можеби некои други проблеми кои ќе ги разединат, односно ќе ги уништат.

Поради заканите од покачувањето на морското ниво, па до културните и етничките поделби во самите општества, прашање е дали овие 10 држави ќе преживеат во сегашната форма во следните 100 години.

Климатските промени водат кон недостаток на пчели

1. Холандија

Ефектите од климатските промени предизвикани со глобалното затоплување делуваат разорно на тропските острови, но тешко е да се замисли дека тие можат да нанесат штета и на европските држави.

Поголемата територија на овие држави се наоѓаа или на ниво на морето или само еден метар над нивото. Токму поради тој факт, глобалното затоплување е прашање за опстанок на Холандија.

Тие веќе со години се борат со растечкото ниво на морето со градење на нови насипи и нивно проширување. Наспроти тоа, тие имаат многу поплави.

Loading...

Аеродроми кои во 2100 повеќе нема да постојат

2. Северна Кореја

Бидејќи оваа земја се наоѓа под диктатура на династијата Ким од 40-те години на минатиот век, се чини дека само е прашање на време кога незадоволството во општеството ќе кулминира и ќе експлодира.

Постојат разни гласини за обиди на неколку воени пучеви, кои се кријат од медиумите. Многу аналитичари веруваат дека до уривање на системот ќе дојде и поради незадоволство во самиот политички врв (Ким Џонг-ун веќе неколку пати спроведе чистки меѓу своите најблиски соработници и членови на семејствооа, покажувајќи дека за никого нема милост).

Како би изгледал светот ако се стопи целиот мраз?

Добри вести за државата, по падот на династијата Ким, секако е фактот дека Јужна Кореја е подготвена да инвестира за да ја надомести штетата и да ја обедини нацијата.

3. Белгија

Иако оваа држава е дом на Европската унија, самата Белгија можеби нема да биде толку обединета за 100 години.

Таа е поделена во судири околу етничките прашања меѓу Фламанците и Валонците. Бидејќи не делат ист јазик и имаат многу други културолошки разлики, може да се очекува Валонците да успеат во своите напори да создадат еден вид сојуз со Франција или да обезбедат сопствена независност, додека Фламанците тоа не сакаат да го дозволат туку се залагаат на апсолутна незавиност на заедничката држава.

Пливаше под мразот на Антарктик поради климатските промени (ФОТО)

Loading...

Поради зголемените тензии, многу аналитичари шпекулираат дека до поделба на земјата ќе дојде во следните 20 години.

4. Малдиви

За сите тие кои не веруваат во концептот на глобалното затоплување, Малдивите се вистински пример на кој треба да се обрне внимание.

Оваа островска нација меѓу Индија и Африка се соочува со сериозна опасност од потонување.

Заканата стана толку голема што поранешниот претседател на државата разгледуваше можност за купување на земја во јужна Азија каде би го преселил целото население, ако продолжи да се покачува нивото на морето.

Loading...

Четвртина од светското население ќе ги напушти домовите поради климатските промени

Според проценките, Малдивите ќе бидат прва земја што ќе исчезне поради глобалното затоплување, а тоа може да се случи околу 2085 година.

5. Обединетото Кралство

Бидејќи се работи за унија на различни држави во кои постојат силни стремежи за независност, можно е распад да ја снајде и оваа светска сила.

Шкотска имаше неуспешно движење за независност во 2014 година. Откако Велика Британија минатата година се одлучи да излезе од Европската унија, таа постапка не е еднакво одобрена од сите делови на државата и тоа може да биде точка на раздор.

Loading...

Часовникот на апокалипсата одбројува: „100 секунди близу до полноќ“

Се верува дека поради тоа некоја од државите ќе излезе од Обединетото Кралство и како независна ќе се приклучи кон ЕУ, а тој процес ќе биде разрешен во следните 20 години.

6. Ирак

Во воена состојба од 2011 година оваа држава е вистински пример на секојдневно распаѓање. По егзекуцијата на Садам Хусеин, кој државата ја држеше унитарно, населението денес е жестоко поделено.

Растот на популарноста на ИД привлече внимание на оваа поделба и многу е очигледно дека земјата се одржува, но со големи маки.

Loading...

Пожарите во Австралија ќе бидат „вообичаена состојба“ во целиот свет, сметаат научниците

Ирак е поделен на три групации: сунити, Курди и шиити, за кои нема веројатност дека ќе се обединат и се очекува земјата да се распадне на три помали творби во тој процес.

7. Кирибати

Оваа островска држава во централниот дел на Тихиот Океан до 1979 година бешр британска колонија, а ја сочинуваат три сосема одвоени островски групи распрснати на огромен простор на Тихиот Океан, Жилбер, Финикс и Лајн.

Се смета за олицетворение на тропски рај, но секој кој сака да го доживее треба тоа брзо да го направи, бидејќи зголеменото ниво на морето веќе преплави два острови.

Loading...

Како изгледа животот на островите кои наскоро би можеле да исчезнат?

Ако овој тренд продолжи, голем дел од државата може да стане море, а остатокот повеќе нема да може да ги пружи основните услови за живот.

Претседателот на државата веќе побара помош од Нов Зеланд и Фиџи, за да ги прифатат луѓето од Кирибати како бегалци.

8. Шпанија

Кога економската криза ја погоди Шпанија во 2008 година и направи голема штета на земјата и ја доведе до самиот раб на распад, од кој се уште не е зајакната.

Доколку исчезнат овие три инсекти, светот каков што го знаеме нема да постои!

Loading...

Невработеноста изнесуваше 24 отсто во јануари 2015 година, а до денес не е ништо подобра. Како тоа да не е доволно, постои и длабока поделба меѓу населението. Регионот Каталонија на западниот дел на Шпанија планира стекнување на независност со голема поддршка на јавноста.

Во северна Шпанија се наоѓа Баскија со свои терористички организации, кои се обидуваат да обезбедат сопствена независност.

Ако економската криза не се реши и овие региони продолжат да добиваат популарност во борбата за отцепување, големи се шансите на Шпанијам каква што ја познаваме денес, времето да и е одброено.

Со порастот на температурите во океаните снемува кислород

9. САД

Loading...

Со оглед на историјата, факт е дека американското население е поделено со длабоки културни разлики и политички ставови меѓу северот и југот, уште од Граѓанската војна.

Во 2012 година сите 50 држави примија илјадници писма од своите граѓани кои бараат истапување од Унијата. Ако не се случи нешто што ќе ја обедини земјата големи се шансите САД да се преобликуваат. Најверојатно Аљаска, Калифорнија и Тексас први ќе се одвојат.

Црвените јаболка полека исчезнуваат, виновник се климатските промени

10. Кина

Наспроти тоа што Кина е една од најголемите светски економии и има силна војска, тоа не значи дека е заштитена од колапс во следните 100 години.

Кина има и огромен проблем со еколошкото загадување кое толку многу се заканува, што дури 250.000 Кинези поради загадувањето предвреме умираат секоја година.

Пресушија Викториините водопади, прв пат во историјата (ВИДЕО)

Предвидувањата на самата кинеска Влада откриваат дека земјата може да остане без вода за пиење до 2030 година, а големи се шансите државата во сегашниот облик да не ја доживее 2050 година.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *