Заев: Економските владини политики даваат резултати

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија во Собранието на РСМ, Зоран Заев на седницата на која го образложи Предлогот за избор на двајца нови министри за финансии и за министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, во реплика на пратениците од опозициската партија истакна дека предлогот е во согласност со континуитетот на економските успеси.

Loading...

„Приходот од персонален данок е повисок за 15,6 проценти. Повисок е порастот на придонесите во државата. Комплетно растат сите параметри. Доаѓаме со Ребаланс на Буџетот веќе од следната недела, каде што буквално ќе имаме максимална реализација на Буџетот скоро во сите аспекти. И, дефинитивно сите економски политики потврдуваат намалување на невработеноста и тоа во огромен процент, раст на Бруто домашниот производ (БДП), историски раст на инвестиции…“, рече премиерот Заев додавајќи дека конечно сите економски параметри покажуваат дека опозицијата се плаши од економските резултати.

Премиерот Заев посочи дека сите ефективни мерки се на очиглед на јавноста и повтори дека 4,1 проценти е растот на БДП, пет проценти е намалена невработеноста и изнесува 17,8 проценти.

„Индустријата расте над 8 проценти, приходите во Буџетот се зголемени за повеќе од 10 проценти од лани и сето ова е доказ дека економијата живее. Странските инвестиции се највисоки од било кога, од осамостојувањето на нашата држава, 625 милиони евра странски инвестиции имавме лани и годинава продолжува трендот“, истакна премиерот Заев пред пратениците.

Тој повтори дека овој тренд на зголемување на инвестициите ќе продолжи, бидејќи економијата секогаш расте кога земјите се интегрирале во НАТО и во ЕУ и кога економските политики на Владата давале резултати исто како и кај нас.

„Мој ДДВ минатиот месец донесе 15 милиони евра, и овој месец нови 15 милиони евра носи, економските мерки даваат резултати затоа што се суштински“, рече премиерот Заев додавајќи дека тие пари ќе се вратат кај граѓаните и ќе делуваат на нивниот повисок стандард.

Leave a Reply