За три недели годинава во Америка се случија 33 масовни престрелки

Сподели со своите пријатели

Најмалку 10 луѓе се мртви, а уште 10 ранети, некои во критична состојба и под знак прашалник, по масовното пукање во Монтереј парк, Калифорнија, во саботата вечерта.

Loading...

Да потсетиме, убиецот пукал во луѓето во студиото за танцување, а потоа отишол во друг танцов клуб, каде што бил запрен од обезбедувањето.

На крајот сам си пресудил кога бил опкружен од полиција. Тој е идентификуван како 72-годишниот Ху Кан Тран.

CNN: За три недели од 2023 година, ова е 33-то масовно пукање во Америка

„Многу останува непознато, но сцените на агонија и ужас се сè попознати во Америка“, пишува CNN и додава:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес од 6,3 степени ја погоди Јапонија

„Неверојатни 32 масовни престрелки се случија во првите три недели од оваа година во Америка, од Гошен, Калифорнија до Балтимор, Мериленд. Оној во паркот Монтереј е 33“.

„Жителите во тие делови на Америка се вознемирени, додека други се подготвуваат за можноста од такво насилство во нивните дворови“, пишува CNN.

„Време на културна прослава… а уште една заедница е растурена од бесмислено вооружено насилство“, рече потпретседателката Камала Харис на толпата во Талахаси, Флорида вчера, додавајќи:

„Сите ние во оваа просторија и во нашата земја разбираме дека ова насилство мора да престане“.

Loading...

Но, како тоа ќе се одвива со поделениот Конгрес, многу различни политички рецепти и длабоко вкоренетата култура на оружје останува да се види, според Си-Ен-Ен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приземјени сите авиони на позната авиокомпанија