Масовниот убиец од Лос Анџелес се самоуби

Сподели со своите пријатели

Мажот кој уби десет луѓе доцна во саботата за време на прославата на кинеската Лунарна Нова Година во сала за танцување во Монтереј парк, град во близина на Лос Анџелес, изврши самоубиство.

Loading...

Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна објави дека убиецот е идентификуван како 72-годишниот Ху Кан Тран, но неговиот мотив за масакрот е непознат.

„Сакаме да дознаеме како се случило нешто вака страшно“, рече тој, додавајќи дека убиецот си го одзел животот во неделата во градот Торанс, град на околу 30 километри од местото на злосторството, откако полицијата го идентификувала.

Откако уби десет луѓе во паркот Мотереј, Тран со пиштол упадна на прославата на кинеската Нова година во Алхамбра, но обезбедувањето успеа да го неутрализира.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шведска го заострува законот за тероризам во соработка со Турција

Паркот Монтереј е град кој се наоѓа на околу единаесет километри од центарот на Лос Анџелес.

Околу две третини од нејзините жители се Азијци, според податоците од американскиот попис.