За судењето на Трамп беа избрани 12 членови на поротата

Сподели со своите пријатели

Адвокатите на судењето на Доналд Трамп во Њујорк избраа 12 членови на поротата да одлучуваат за неговата вина за поткуп, а воведните изјави би можеле да се одржат во понеделник, рече судијата Хуан Мерчан.

Loading...

– Ние ја избравме поротата. Да ги избереме и нивните замени, изјави судијата Мерчан.

Кога новите поротници се заколнаа дека ќе ја проценат вината на „фер и непристрасен“ начин, Трамп ги држеше очите на нив.

Првиот поранешен претседател на САД кому му се суди на кривичен суд, Доналд Трамп, кој се надева дека ќе се врати во Белата куќа во 2025 година, од понеделник мораше да присуствува на изборот на поротата.

На помалку од седум месеци пред претседателските избори во ноември, на републиканскиот кандидат му се суди за обид да и го купи молкот на поранешната порно ѕвезда Сорми Даниелс неколку дена по изборите во 2016 година на кои тој ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон.

Повеќе од три години по напуштањето на Белата куќа, Трамп може да биде осуден на затворска казна.

Тоа не би го спречило да биде претседателски кандидат на изборите на 5 ноември, каде што сака да му се одмазди на Џо Бајден, но судењето може да ја одведе кампањата во непознато.

Доколку биде ослободен, тоа ќе биде голем успех за републиканскиот кандидат.

Loading...