За Илинден нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските региони, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со услови за грмежи и врнежи во попладневните часови. Максималната дневна температура се очекува да достигне 29 степени.

Утре за време на државниот празник Илинден ќе преовладува променливо облачно на повеќе места ќе има поизразена нестабилност со поинтензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. И во петок ќе биде нестабилно, особено на југот од земјава.

Од сабота се очекува стабилизорање на временската состојба.

Leave a Reply