За да летаме „како луѓе“ ќе ни требаат две до три години

Сподели со своите пријатели

Воздушниот сообраќај уште неколку години нема да се врати на нивото пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, ниту по обем ниту по квалитет на летот, вели извршниот директор на Боинг Дејвид Калхун.

Калхун обновувањето на воздушниот сообраќај го мери „американски“, како во вредноста на акциите, така и со дивидендите, така што на годишниот состанок на групата рече дека ќе бидат потребни три до пет години пред обновувањето на дивидендата на Боинг, американски производител на авиони што претрпе големи штети од пандемијата на коронавирусот, но маките им тргнаа пред тоа.

Авијацискиот сектор е меѓу првите економски жртви на пандемијата на коронавирусот, а пред пандемијата, Боинг, исто така, беше во криза поради авионот „737 макс“, кој беше забранет за летање по две авионски несреќи во кои загинаа 346 лица.

Производството на авиони, во кое имаше голем број нарачки, е прекинато и фабриката чека дозвола за нејзино обновување.

Поради сите проблеми, Боинг ја откажа зделката од 4,2 милијарди американски долари за стекнување на одделот за цивилна авијација на бразилскиот производител на авиони Ембраер.

Тешки времиња се и кај конкуренцијата, каде денес се појави веста дека Ербас на присилен одмор испраќа 3.200 работници од фабриката во Бртон, Велс.

Според програмата во Велика Британија, работодавците можат да испраќаат работници на принуден одмор со исплата на 80% од платата, но со ограничување од 2.500 фунти (околу 2.900 €) по работник.

Ербас ќе плати помеѓу 85 и 90 проценти од платата според договорот потпишан со претставниците на синдикатот.

Европскиот производител на авиони претходно објави најмрачна проценка на штета претрпена од коронавирусот, во која ги повикува работниците да се подготват за потенцијалното прекинување на повеќе работни места и предупредува дека опстанокот на компанијата е доведен во прашање доколку не се реагира веднаш.

На почетокот на овој месец, Ербас започна со спроведување на програми за отпуштање со исплата на државна помош, почнувајќи со 3.000 работници во Франција.

Поради тешката состојба, на помош на приватните компании ќе им дојдат претежно даночните обврзници.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека американските авиокомпании ќе добијат „добро парче“ од владата од 50 милијарди американски долари, а пари ќе се влеваат во авиокомпанијата и во воздухопловната индустрија во Европа.

Тука, владите на Франција и Холандија најавија 10 милијарди евра помош со заеми и гаранции за конзорциумот „Ер Франс-КЛМ“, а помошта се насменува и на германскиот Луфтханза.

Leave a Reply