Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Сподели со своите пријатели

Како што јавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во текот на денешниот ден не очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност.

Loading...

Ќе дува слаб а повремено умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието и источните делови. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 16 до 22 степена.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Утринската температура ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна ќе достигне до 17-от степен.

Што се однесува до времетоо во текот на утрешниот ден ќе имаме сончево и релативно топло време, со мала локална облачност  и со слаб ветерпретежно од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за слаба
утринска магла. Утринските температури ќе се движат во интервалот од -3 до 7, а дневните од 17 до 23 степени.

Промена на временската состојба се очекува за време на викендот кога ќе има зголемување на облачноста, а во недела и повремени локлани врнежи од дожд.