Во текот на денешниот ден се очекува намалување на облачноста, но во попладневните часови, а можност за повремени врнежи од слаб снег во претпладневните часови ќе има само за планините од источниот регион, пишува проталот МетеоПро.мк.
Ќе дува умерен северозападен ветер, а минималната температура ќе се движи од -2 до 3, додека максималната од 4 до 7 стешени целзиусови.
Во Куманово и околината денеска се очекуваат и минимални сончеви периоди, но ќе преовладува облачно време со налети на северен и северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 5-от сптене, додека минималната во текот на ноќта се биде околу 3 степени под нулата.
Во наредниот период се очекуваат повеќе сончеви денови и минимално повисока дневна температура.