Возило излета од патот во Куманово, во него 81 мигрант

Сподели со своите пријатели

Вкупно 81 мигрант биле откриени вчера во кумановско, откако возилото со кое биле шверцувани излетало од патот.

Loading...

На автопатот Куманово–Табановце вчеравечер околу 23 часот полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, но возилото не застанало, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Набргу потоа, според пријавеното, на улицата „Железничка“, пред селото Черкезе, кумановско, возилото излетало од патот.

При преглед на возилото, како што додаваат од МВР, биле пронајдени 81 лице – мигранти од Авганистан, Индија, Бангладеш и Пакистан.

Мигрантите биле привремено сместени во Транзитниот центар Табановце.

Се работи на расчистување на случајот. 

Leave a Reply