Поради врнежи од снег, воведени се забрани за тешки моторни возила на следниве патни правци:
– Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража
– крак Маврово – Жировница
– Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека
– Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато
– Струга – граничен премин Ќафасан
На патниот правец Тетово – Попова Шапка, забраната важи за тешки товарни возила, камиони и автобуси.
За останатите типови на возила, на овие правци задожителна е употреба на зимската опрема, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Никола Ивановски