Возач удрил во малолетник во Куманово и избегал од местото на несреќата

Сподели со своите пријатели

Малолетен пешак во Куманово викендов бил тешко повреден откако во него удрил автомобил. Годините и иницијалите на возачот не се наведени,а истиот го напуштил местото на несреќата.

Loading...

– На 19.03.2022 во 15,10 часот во Куманово на ул.„Сава Ковачевиќ“ патничко моторно возило удрило во малолетен пешак од Куманово, по што возилото го напуштило местото на несреќата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пешакот бил пренесен во Општа болница-Куманово каде му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски