Вооружена жена упадна во германска болница, застрелана по неколкучасовна опсада

Сподели со своите пријатели

Шеесет и петгодишна вооружена жена вчера доцна упадна во болницата Луизен во Ахен, Германија, по што следеше неколкучасовна полициска опсада.

Loading...

На крајот жената била тешко ранета и на носилки изнесена од објектот.

Полицијата соопшти дека никој друг во болницата не е повреден.

„Со оглед на тоа што не реагирала кога ѝ пришла полиција, полициските службеници употребиле огнено оружје за да ја прекинат опасната ситуација“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата испратила специјалци на местото на настанот откако 65-годишната жена, која била од блискиот град Ешвајлер, влегла во болницата во понеделникот попладне со пиштол и нешто што изгледало како експлозив.

Откако влегла во болницата им се заканувала на вработените во ординацијата за физиотерапија внатре во болницата и се забарикадирала во една од собите, информираат од полицијата.

Подоцна во областа е откриен чад.

Весникот Билд објави дека жената поставила пиротехнички средства во болницата.

Loading...

Болницата беше евакуирана, луѓето „избезумено“ трчаа

Полицијата, пожарникарите и претставниците на болницата одбија да ги коментираат овие наводи.

Болницата, во која има речиси 400 пациенти и 1.600 вработени, беше евакуирана, како и околината.

Полицијата денеска објави извештај во кој се претпоставува дека 65-годишната жена имала самоубиствени намери.

Според полицијата, таа наводно влегла во клиниката околу 17 часот со пиштол, за кој подоцна било утврдено дека е празен.

Откако вработената успеала да го земе оружјето, жената се забарикадирала во собата на пациентот и го фрлила бенгалот во ходникот во близина на операционата сала.

Околу 22:38 часот, таа ја напуштила просторијата со појас со експлозив.

Таа потоа се стрча кон полицајците со, како што соопшти полицијата, сомнителен предмет.

Како што дознава Билд, 65-годишната жена наводно го запалила нејзиниот стан во Ешвајлер.

Loading...

Инспекторите го пронашле писмото што таа наводно го оставила и откриле дека појасот со експлозив е лажен.

Теренот и улицата на клиниката од вчера доцна попладне беа опколени од силни полициски сили, а хеликоптер го обиколи областа.

На местото на настанот пристигнала и пиротехничка единица, а очевидци за Aachener Zeitung изјавиле дека луѓето „избезумено бегале од зградата“.