Волстрит и азиските берзи во пораст

Сподели со своите пријатели

Цените на акциите на азиските берзи пораснаа, со скромен обем на тргување бидејќи многу пазари се затворени поради празници.

Loading...

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, беше во плус 0,3 отсто за околу 7 часа. Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Шангај и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 1,3 отсто.

Берзите во Австралија, Хонг Конг, Сингапур и Индија денеска се затворени поради празникот.

И на Волстрит вчера берзанските индекси пораснаа. Dow Jones зајакна за 0,01 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,36 отсто, а Nasdaq индексот за 0,76 отсто. Растот на S&P 500 и Nasdaq индексот најмногу се должи на силниот скок на цените на акциите на технолошките гиганти, како Alphabet и Microsoft.

Инвеститорите се претпазливи

Тргувањето беше тивко бидејќи многу инвеститори веќе заминаа на одмор за велигденските празници, па обемот на тргување беше слаб.

Дополнително, инвеститорите се претпазливи, со оглед на тоа што сите најнови податоци покажуваат дека растот на американската економија забавува, па постои ризик од рецесија.

Изминативе денови најмногу се следат вестите од пазарот на труд бидејќи постепено се заладуваат, што значи дека може да се очекува забавување на растот на потрошувачката и инфлацијата.

Денеска ќе биде објавен извештајот за работни места во САД, кој обично има значително влијание на пазарот.

Loading...

Но, овојпат нема да има реакција од инвеститорите бидејќи Волстрит и повеќето европски берзи денеска се затворени поради празниците.

Аналитичарите проценуваат дека бројот на вработени се зголемил за 239.000 во март, побавно од 311.000 во февруари.

И додека заладувањето на пазарот на труд негативно се одразува на растот на економијата, позитивно се одразува и на прашањето за сузбивање на инфлацијата.

Ова, пак, ги поддржува надежите на инвеститорите дека поради слабеењето на инфлаторните притисоци и забавувањето на економскиот раст, американската централна банка ќе го запре циклусот на зголемувања на каматните стапки.

На пазарот на пари, се проценува дека има речиси 60 отсто шанси ФЕД дополнително да не ги зголеми каматните стапки во мај, додека шансите за зголемување на каматната стапка од 0,25 процентни поени паднаа на само 40 отсто.

Многумина проценуваат и дека ФЕД ќе започне со намалување на каматните стапки од седницата во јули.

„Инвеститорите се несигурни додека се обидуваат да откријат дали слабеењето на пазарот на трудот е добра вест затоа што ќе ја натера ФЕД да го паузира зголемувањето на каматните стапки во мај или ако тоа е лоша вест бидејќи сигнализира доаѓање на рецесија“, објаснува Рос. Мејфилд, стратег во Baird.