Волшебната градина во Дубаи – најголемиот природен цветен рај во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Dubai Miracle Garden“, најголемата градина со природни цвеќиња во светот, се простира на површина од 72.000 квадратни метри.

Loading...

Со повеќе од 150 милиони различни видови цвеќиња, оваа миризлива градина е најшарената дестинација со сладок мирис во регионот откако е отворена.

Покрај цвеќињата, има и бројни возбудливи атракции и активности за сите возрасти.

 

 

Градината беше отворена за посетители во 2013 година. Цветовите се полеваат и одржуваат со прочистена отпадна вода и дневно се трошат околу 700 илјади литри вода.

Во Гинисовата книга на рекорди „Чудотворната градина на Дубаи“ во 2016 година беше внесена за најголемата скулптура направена од цвеќиња, која имаше облик на Ербас А380 на Емиратите.

Loading...