Војната може да трае со години, тврди челникот на НАТО

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика членките на таа алијанса да обезбедат повеќе оружје за Украина, а не само одбранбено противтенковско и противтенковско оружје.

Loading...

За време на самитот на министрите за одбрана на НАТО, кои денеска се собраа во Брисел, Столтенберг ги повика сојузниците да дадат дополнителна поддршка за вооружување на Украина со лесно и тешко вооружување.

 

Уништени четири складишта за гориво во Украина

 

Тој рече дека земјите-членки, но не и НАТО како организација, ја снабдуваат Украина со многу видови оружје и даваат друга поддршка, но дека 30 сојузници можат да направат повеќе.

Столтенберг инсистира на тоа дека е важно НАТО да не е вклучен во поширока војна со Русија.

Иако Русија сега ги концентрира своите напади врз источна Украина, НАТО „не гледа никакви навестувања“ дека целта на рускиот претседател Владимир Путин да ја контролира целата земја е променета, изјави во средата генералниот секретар на НАТО.

Loading...

Обраќајќи им се на новинарите пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на сојузниците во НАТО, Столтенберг предупреди дека војната во Украина може да трае со години.

 

Продолжуваат жестоките напади врз градот Попасна

 

„Не гледаме никакви навестувања дека амбициите на Путин се промениле кога станува збор за воспоставување контрола врз цела Украина и промена на меѓународниот поредок, па затоа треба да се подготвиме за долг период на напорна работа. Мораме да бидеме реални и да разбереме дека ова може да потрае долго време, месеци или дури години“, рече тој.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба побара од земјите-членки на НАТО да и дадат дополнително оружје на неговата земја за борба против руските сили.

„Дојдов да барам три работи – оружје, оружје и оружје. Колку побрзо се испорача, толку побрзо ќе се спасат животи и ќе се избегне уништување“, рече Кулеба по пристигнувањето во седиштето на НАТО во Брисел, каде што ќе присуствува на состанокот со своите колеги од сојузничките земји.