Патики од 50 долари и маслинесто зелени нијанси – изгледот на Володомир Зеленски не е случаен

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, реши своите елегантни костуми да ги замени со маица и патики. И тој не се откажува од таквата слика.

Loading...

Гардеробата на Владимир Зеленски е една од темите кои се коментираат во јавноста последните недели. Додека војната во Украина се разгорува, а Путин излезе на сцената во Лужники во јакна од 14.000 долари, на социјалните мрежи не остана незабележано дека претседателот на Украина дојде во Буча со патики од 50 долари.

Целиот свет може да забележи дека од 24 февруари, од почетокот на војната во Украина, Владимир Зеленски ја отфрли класичната униформа на политичарите – темно сини костуми, бели кошули и вратоврски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

 

 

Наместо тоа, претседателот на Украина во јавноста се појавува само во маслинесто зелени нијанси. Во таква гардероба тој комуницира со шефовите на држави и им се обраќа на пратениците во Европскиот парламент.

Модниот критичар и моден директор на „Њујорк тајмс“ истакна дека Зеленски стана симбол на силата и патриотизмот на украинскиот народ и верува дека претседателот изгледа сака да укаже дека е обичен човек кој е благодарен на украинските вооружени сили за нивните жртви.

Loading...

Како што посочува, Зеленски на овој начин јасно ја изразува својата солидарност со народот, а не си ги припишува заслугите на војниците, фалејќи се со целосна воена униформа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?