Во уривање на гаража во Њујорк едно лице загина, петмина се повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Паркинг гаража со четири ката се урна вчера во долниот дел на Менхетен, Њујорк, во близина на Универзитетот Пејс, при што најмалку еден работник загина, а пет други се повредени, соопштија властите.

Loading...

Пожарникарите беа извлечени од урнатата конструкција поради нестабилни услови и сега трагаат по жртви со помош на роботски уреди.

„Немаме причина да веруваме дека се работи за нешто друго освен структурен колапс“, изјави за новинарите началникот на градската полиција Кичант Севел.

Видео снимката од местото на настанот емитувана од CBS и ABC покажува спасувачка операција во тек и повеќе автомобили наредени еден врз друг во урнатата гаража.

 

 

Сите повредени се работници

Kaj eдно лице била констатирана смрт на лице место, а уште четири поради повредите се пренесени во болница. Едно повредено лице одбило медицинска помош, изјави Џон Еспосито, шеф на противпожарните операции на Њујоршката противпожарна служба.

Loading...

Тој рече дека сите шестмина биле работници кои биле таму во моментот на падот.

„Ова беше исклучително опасна ситуација за нашите пожарникари“, рече тој на брифингот со новинарите доцна попладне по локално време.

Универзитетот Пејс, чии студенти, факултет и персонал ја користат таа гаража за паркирање, беше евакуиран како мерка на претпазливост, соопштија властите.

„Оваа зграда е целосно нестабилна“, изјави градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс за новинарите.

„Се чувствуваше како земјотрес“

Очевидци велат дека колапсот се случил брзо и без предупредување.

„Сè се случи толку брзо“, рече Тај Нгуен (35), кој живее во Чајнатаун ​​и го води блискиот Колектив клуб.

„Нашата продавница е две згради подалеку од гаражата, а до нас има хотел. Луѓето втрчаа внатре прашувајќи дали можат да се засолнат во нашата продавница. Се чувствуваше како земјотрес“, изјави студентот на Универзитетот Пејс, Лиам Гаета, за филијалата на ABC News.

Тој рече дека слушнал „голема врева и голем татнеж, а потоа не евакуираа сите“.

Loading...