Во Сомалија се поголем број деца умираат од глад

Сподели со своите пријатели

Во Сомалија зголемен број деца умираат од глад поради најтешката суша во земјата во последните 40 години, објави денеска Би-би-си.

Loading...

Претставниците на сомалиската влада предупредуваат дека таа земја може да ја снајде уште поголема катастрофа во наредните денови, доколку не пристигне поголема помош од меѓународната заедница.

Во Сомалија, повеќе од две третини од децата и бремените жени, раселени поради суша и во кампови, страдаат од акутна неухранетост, а процентот на смртни случаи поради глад е висок, што покажува дека декларацијата против глад во таа земја усвоена од Обединетите нации задоцнија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Светските лидери го повикаа Израел да избегне ескалација

Повеќе од половина од населението на Сомалија, кое е погодено од актуелната суша, се наоѓа во областите контролирани од терористичката група Ал Шабаб, што го отежнува доаѓањето на храна и лекови до тие области.

Затоа е планирана испорака на помош по воздушен пат.

Американскиот Стејт департмент неодамна испрати нова финансиска помош за Сомалија.