Во следните денови низ државата ќе преовладува стабилно и топло време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Максималните температури низ државата денеска ќе бидат во интервал од  26 до 35 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен, односно северо-западен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 16 степени во утринските часови до максимални 31 во текот на денот.

 

Loading...

 

Во следните денови низ државата ќе преовладува стабилно и топло време.

Од петок ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец.

Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и на места температурите ќе бидат пониски за неколку степени.

 

Никола Ивановски