04.06.2019 12:37

Во овој град сите жени имаат бесплатен градски превоз


Градските власти на Њу Делхи одлучиле да понудат бесплатен градски превоз за жените поради засилување на нивната безбедност поради низа случаи не сексуално насилство, соопштуваат од градската управа на главниот град на Индија.

Индија е во центарот на вниманието до 2012 година, кога се случи колективно силување на една студентка во приватен автобус во главниот град.

loading...

Гневни Индијци линчувале силувачи

Бесплатниот превоз ќе биде воведен во наредните два до три месеци и ќе се однесува на 850.000 жени, наведуваат тамошните власти.

Во рамките на мерките за засилување на безбедноста во Њу Делхи, властите планираат да постават околу 150.000 безбедносни камери во градот до крајот на годината.

Влезот во Таџ Махал пет пати поскап за локалните туристи, а еве и зошто

Во Индија во 2016 година имало околу 40.000 случаи на сексуално насилство во земја со 1,3 милијарди жители. Се претпоставува дека таа бројка е поголема затоа што за такво насилство никој не зборува јавно оти Индија е многу патријахална земја.

Image by pv746 from Pixabay


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments