Влезот во Таџ Махал пет пати поскап за локалните туристи, а еве и зошто

Сподели со своите пријатели

Индиските власти соопштија дека влезниците за Таџ Махал ќе бидат пет пати поскапи за индиските туристи, за да се намали нивниот број и штетата на најпосетуваното место воИндија.

Loading...

Влезницата за Таџ Махал е зголемена од 50 рупии (0,70 долари) на 250 рупии за Индијците, кои претставуваат најголем број туристи секој ден. Градбата дневно ја посетуваат по 15.000 луѓе, од кои 10.000 домашни туристи.

Цената на билет за странци исто така е зголемена од 16 на 19 долари.

Таџ Махал, кој сенаоѓа близу Агра, 200 километри јужно од Њу Делхи, секоја година го посетуваат милиони туристи и претставува неизбежен дел од посетата на секој странски делегат.

Властите се жалеле дека имаат проблеми со голем број туристи и дека поради заштитата на споменикот е одлучено да се зголемат цените, за да се намали бројот на посетители.

Таџ Махал се смета за врвно остварување на могулската архитектура, стил кој комбинира елементи на персиски, индиски и исламски архитектонски стилови. Таџ Махал во 1983 година стана заштитено светско културно наследство опишано како „богатство на исламската уметност во Индија и еден од универзално признати ремек дека на светското наследство“.

Изграден е измеѓу 1631 и 1654 година, го граделе над 22.000 луѓе. Шах Џахан ја наредил изградбата на тој мавзолеј за својата омилена жена Аржуманд Бано Бегум, која е попознат акако Мумтаз Махал.

Loading...

Leave a Reply