Во оваа земја четворица бизнисмени се богати како 100 милиони сиромашни луѓе

Сподели со своите пријатели

Четворица највлијателни Индонезијци поседуваат богатство еднакво на имотот на 100 милиони најсиромашни луѓе во Индонезија, покажало новото истражување, иако претседателот на таа држава во повеќе наврати се заложил за борва рптив опасните нивоа на нееднаквост.

Хуманитарната организација Оксфам (Oxfam) навела во истражувањето дека претседателот Џоко Видодо не ги исполнил ветувањата, истакнувајќи дека Индонезија е една од државите во кои нееднаквоста е најизразена.

Во Индонезија економијата напредувала економијата напредувала и намален е бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија, меѓутоа разликата измеѓу богатите и сиромашните е забрзано зголемена во последните 20 години, покажало истражување.

Оксфам ја повикал владата што побрзо да го зголеми буџетот за јавни служби и корпорацијата и богатите да добијат поголеми порези.

Вкупното богатсво на четворицата најбогати Индонезијци во 2016 година изнесувало 25 милијарди долари.

 

Loading...