Во оваа село луѓето зборуваат на „птичји јазик“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Мештаните на селото Куској на турскиот брег на Црното море, ги израдувала веста дека УНЕСКО на Листата за заштита на нематеријално културно наследство го стави јазикот на свиркањето, односно птичјиот јазик, кој нивните претци го развиле пред скоро половина милениум.

Куској е село во Турција чии жители веќе 400 години наназад комуницаар со свиркање. Овој едноставен начин на комуникација бил осмислен во времето кога луѓето немале струја, а познат е под името „јазикот на птиците“, односно на турски јазик „kuș dili“.

Во оваа село семејствата живеат со починатите, за нив не плачат, туку ги пресоблекуваат и шетаат (фото+видео)

Loading...

Селото е сместено на непристапен терен во Турција и селаните во минатото имале потреба од алтернативен начин на комуникација. Единствен кој ќе им заштеди повеќе енергија од пешачењето и довикувањето било свиркањето.

Инспирирани од песните на птиците, започнале да свиркаат слогови од турски зборови. Селаните овој метод на комуникација го користеле да се известат во селото за посетителите, да побараат помош едни од други или едноставно да испратат некому показа за дружење и чај.

 

 

Со текот на годините нивниот јазик на свиркање толку се развил што започнале да склопуваат и сложени реченици, па дури и воделе разговори на тој начин.

Бидејќи свиркањето се слуша на одалеченост околу 1 километар, доколку личноста која требало да ја прими пораката се наоѓа подалеку, некој секогаш ќе биде љубезен да ја пренесе пораката да стигне до вистинската цел.

Во оваа село живеат најсилните луѓе на светот, а немаат теретана (фото)

Електричната енергија во оваа село пристигнала во 1986 година, отприлика во време кога младите мештани веќе го напуштиле селото во потрага по подобар живот во развиените градови.

Денес во селото живеат обично стари луѓе, а појавата на мобилните телефони и новите едноставни начини на комуникација полека го умираат нивниот „птичји јазик“.

 

 

Loading...

Но, селаните и натаму не се предаваат. Тие секоја година се организираат на фестивал со чија помош го промовираат јазикот на свиракњето и тоа е шанса да го претстават на помладата популација, како и да го развијат туризмот кој значајно допринесува во економијата на селото.

За време на фестивалот на свиркање се одржува и натпреварување, при што натпреварувачот со свиркање комуницира со судиите кои треба да ја примат пораката, а се наоѓаат на спротивната страна од планината.