Во оваа село живеат најсилните луѓе на светот, а немаат теретана (фото)

Сподели со своите пријатели

Селото Асола Фатехпур Бери е најсилното село во Индија. Веќе со генерации, мажите од оваа село напорно вежбаат два пати дневно и се вистински природни бодибилдери.

Loading...

Од тинејџери до мажи во 50те години, овие луѓе секојдневно тренираат во Акхада, што во превод значи боречка арена. Таму тие се борат во блато, се качуваат по јаже и прават илјада стомачни вежби и склекови додека се ослонуваат на цигли.

140828112814-india-bodybuilder-7495-horizontal-large-gallery

Исто така се носат едни со други на грб, што е дел од традиционалниот индиски начин на вежбање, а некои од нив дури дигаат и мотоцикли од 350 килограми.

– Тие се хранат навистина здраво и секојдневно вежбаат, па затоа и се силни – вели Виџај Танвар, главниот тренер.

140828112414-india-bodybuilder-7455-horizontal-large-gallery

Овие мажи обично работа наоѓаат како обезбедување во Њу Делхи, што е многу барана работа во овој град.

  • Здравјето е богатство. Не само што сме здрави, туку заработуваме пари и можеме децата да ги пратиме во добри училишта и да им овозможиме здрава исхрана. – вели еден од нив.

 

Loading...

Indian-Village-Famous-For-Its-Muscle-Men

 

Иако постојат и модерни теретани во селото, поголемиот дел од нив преферира традиционален начин на вежбање. На тој начин телото станува флексибило и се намалува ризикот од повреди. Овие мажи не пијат и не пушат, а поголемиот дел од нив се вегетаријанци.

140828112211-india-body-builder-0271-horizontal-large-gallery


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.