Во недела во Франција прв круг од претседателските избори

Сподели со своите пријатели

Французите се поканети на гласање за првиот круг од претседателските избори кои ќе се одржат в недела, во големата сенка на војната во Украина, а според анкетите се очекува победа на дуелот како и на претходните избори во 2017 година, актуелниот претседател, центристот Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен.

Loading...

Фаворитот во анкетите со месеци, Макрон, кој најдоцна влезе во предизборната кампања, во последните недели се соочува со намалување на разликата во однос на Марин Ле Пен, чија победа веќе не е незамислива, а таквата победа би била преседан во Петта република на Франција.

 

Макрон: Франција е подготвена да биде гарант за мирот во Украина

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Иако претседателските избори беа турнати во втор план поради војната во Украина, изборите, на кои во првиот круг учествуваат 12 кандидати, сè уште опфаќаат клучни прашања, како на национално, така и на меѓународно ниво.

Според агенцијата Франс прес, Франција е важна земја во Европската унија, со која во моментов претседава. Војната во Украина во моментов е доминантна тема во француската надворешна политика, додека борбата против климатските промени речиси и не се споменува.

На национално ниво, Франција се соочува со целосно поделена левица и слаба десница, па анкетите покажуваат дека Макрон би освоил околу 26 отсто во првиот круг, а Ле Пен околу 22 отсто.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Макрон во вториот круг би ја победил Ле Пен со 53 отсто од гласовите, а таа би добила 47 отсто.

 

Макрон: Водам неблагодарен дијалог со Путин, го отфрла предлогот за хуманитарна акција во Мариупол

 

Лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон се очекува да биде на третото место со околу 17 отсто од гласовите. Десничарскиот кандидат Валери Пекресе, кој некогаш се сметаше за посериозен противник на Макрон, и кандидатот на екстремната десница Ерик Земур, би добиле девет отсто од гласовите.

Другите кандидати би освоиле околу пет отсто од гласовите.

Во Франција, претседателот се избира со директно гласање, во два круга, доколку ниту еден кандидат не освои мнозинство во првиот круг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Шефот на државата се избира за мандат од пет години, кој може да се повтори само еднаш.

Loading...

Во Франција вечерва на полноќ почнува предизборен молк, кој ќе трае до недела навечер во 20 часот по затворањето на гласачките места.

 

Белорусија ја прогласи Македонија за „непријателска земја“

 

Францускиот закон забранува објавување на изборните резултати пред затворањето на гласачките места.

Веднаш по затворањето на избирачките места, може да се очекуваат резултатите од излезните анкети спроведени од институти за истражување на јавното мислење.

Во француските прекуокеански територии најчесто започнуваат изборите ден претходно.

Вториот круг од изборите е закажан за 24 април.

Loading...