Во Куманово од денеска задолжително носење маска

Сподели со своите пријатели

Во Прилеп, Куманово и Тетово од денеска е задолжително носење маска, марама, шал или било што за да се покријат устата и носот. Целта за тоа, според донесената владина мерка, е да се создадат услови за повеќе движење, а притоа да се гарантира заштитата.

Loading...

Од 22 април (среда), се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјата на општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама и сл.) надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или сл, соопштија од Владата.

Властите препорачуваат граѓаните да го редуцираат излегувањето од своите домови, и тоа само од најнеопходни причини, заради одење на работа, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките.

Се зајакнуваат меките за да не мора да се заоструваат рестриктивните. Во тек се подготовки за олабавување на рестрикциите. Тоа нема да се случи преку ноќ. За да може да се обезбеди олабавување, мораме претходно сите заедно да си ја обезбедиме заштитата – маска/марама, два метра дистанца, негрупирање. Целта не е да се казнува, туку да се обезбеди што е можно пошироко почитување на мерките, од сите, велат од Владата.

МИА

Leave a Reply