Во Кина се одржа состанок на министрите за надворешни работи на Иран и Саудиска Арабија

Сподели со своите пријатели

Министрите за надворешни работи на Иран и Саудиска Арабија се сретнаа во Пекинг на првата официјална средба на највисоките дипломати на двете земји во последните седум години.

Loading...

Шефовите на дипломатиите на Саудиска Арабија и Иран се сретнаа во четвртокот во Пекинг, за прв пат по повеќе од седум години, објавија кинеските државни медиуми, пренесува Анадолија.

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд, во четвртокот во Пекинг се сретна со неговиот ирански колега Хосеин Амир-Абдолахиан, јави кинеската телевизија CGTN.

Средбата дојде откако Ријад и Техеран минатиот месец неочекувано најавија обнова на дипломатските односи, со посредство на Кина.

Се очекува двете земји повторно да ги отворат амбасадите во главните градови до следниот месец.

Ријад ги прекина дипломатските односи откако иранските демонстранти ги нападнаа саудиските дипломатски претставништва во 2016 година, што уследи по егзекуцијата од Саудиска Арабија на шиитскиот муслимански водач Нимр ал-Нимр.

Тоа беше една од низата кризи меѓу двата долгогодишни регионални ривали.