20 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во северна Кина.
Loading...
Новинската агенција Ксинхуа јави дека пожарот избувнал синоќа околу 21 часот по локално време во дом за стари лица во округот Лингхуа во северната провинција Хебеј, на околу 180 километри од Пекинг.
„Некои постари пациенти во установата се префрлени во блиските болници на преглед и лекување“, објави Ксинхуа, додавајќи дека се истражува причината за пожарот.
Фаталните пожари се релативно чести во Кина поради непочитување на градежните стандарди и мерките за заштита од пожари.