Во Европа постои опасност од војна, тврди германскиот министер за одбрана

Сподели со своите пријатели

Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, оцени дека постои опасност од војна во Европа и посочи дека Германија „мора да може да се одбрани“.

Loading...

Писториус за јавниот сервис „ЗДФ“ изјави дека нападот на Блискиот исток и руската агресија врз Украина ќе има последици во германското општество.

„Мора да се навикнеме на идејата дека може да има опасност од војна во Европа“, изјави германскиот министер за одбрана.

Писториус рече дека Германија истовремено ќе направи се за да спречи понатамошна ескалација во нападот на Блискиот Исток.

Зборувајќи за состојбите во Бундесверот, германскиот министер изјави дека не само што е создаден посебен фонд вреден 100 милијарди евра, туку се сменети и структурите.

Според Писториус, Бундесверот долго време е запоставен, но до крајот на деценијата ќе биде во сосема поинаква позиција, пренесува „Танјуг“.