Во 2022 година планетата загубила 4 милиони хектари тропска шума

Сподели со своите пријатели

Планетата Земја во 2022 година изгубила 4,1 милиони хектари девствена тропска шума, колку што е Холандија или Швајцарија, објави денеска Светскиот институт за ресурси (WRI).

Loading...

Според анализата на сателитски податоци собрани од платформата Global Forest Watch (GWF) на овој институт со седиште во Вашингтон, на секои пет секунди по едно дрво се сечело или горело во пределот на површината на фудбалско игралиште.

Во споредба со 2021 година, тоа е 10 проценти повеќе изгубена вегетација, што е клучно за биолошката разновидност и складирањето на јаглеродот.

Најпогодена земја е Бразил, со 43 отсто од вкупно уништената површина, потоа Конго (13 отсто) и Боливија (девет отсто).

„Губиме една од нашите најефикасни алатки за борба против климатските промени, за заштита на биолошката разновидност и поддршка на здравјето и егзистенцијата на милиони луѓе“, рече директорката на GWF, Микаела Вајс.

Тропските шуми уништени во 2022 година испуштија 2,7 милијарди тони јаглерод диоксид, што е еднакво на годишните емисии на најнаселената земја во светот, Индија.