ВНИМАВАЈТЕ: Оваа работа што често ја користиме во кујната доведува до сериозни проблеми

Сподели со своите пријатели

Повторената употреба на кујнски крпи ги изложува семејствата на ризик од труење со храна, тврди нова студија. Слој бактерии беше откриен на 100 крпи за време на еден месец експеримент на научниците од Универзитетот во Маурициус. Истражувачите откриле раст на бактерии на 49 крпи, при што повеќе од една третина од нив се позитивни на колиформни бактерии, група на која припаѓа ешерихија коли.

Loading...

Студијата покажа дека развојот на ешерихија коли е поверојатно на ткаенини кои се оставаат да отстојат влажни во кујната, додека колиформите и бактериите Staphylococcus aureus се пронајдени во поголеми количини во куќите со „невегетаријанска исхрана“.

Исто така, откриено е дека кујнските крпи во домовите во кои живеат многудетни семејства и оние кои се посиромашни, имале поголема количина на бактерии.

 

 

– Нашата студија покажува дека составот на семејството и хигиенските практики во кујната влијаеле на нивото на микроби на кујнските крпи. Откривме и дека исхраната, употребата и влажноста на кујнските крпи се многу важни за поттикнување на растот на потенцијалните патогени одговорни за труење со храна – изјави д-р Сушила Биранџија Хурдојал од Универзитетот во Маурициус.

Истражувачите рекоа дека присуството на ешерихија коли на неколку партали во студијата веројатно е предизвикано од фекална контаминација, што укажува дека нехигиенските практики во кујната се широко распространети. Вкупно 37% од партали користени во експериментот имаа раст на колиформни бактерии, 37% беа позитивни на Enterococci и 14% беа позитивни на Staphylococcus aureus.

Loading...

 

 

Научниците заклучиле дека употребата на хартиени крпи за еднократна употреба во кујната е похигиенска.

– Податоците покажуваат дека нехигиенските практики при работа со невегетаријанска храна се вообичаени во кујната. Влажните крпи и повеќенаменската употреба на кујнски крпи не се нешто што треба да се охрабри. Многудетните семејства со деца и стари лица мора да бидат особено внимателни – додаде Хурдојал.

Колиформните бактерии можат да предизвикаат состојби кај луѓето, од грчеви во стомакот, повраќање и треска до посериозни како пневмонија и респираторни заболувања, потсетува „Индипендент“. Бактеријата Staphylococcus aureus може да доведе до болести опасни по живот, како што се менингитис, бактериемија и синдром на токсичен шок.