ВМРО ДПМНЕ одржа голем народен собир во Скопје (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ вчеранавечер во Скопје, пред зградата на Собрание на РМ одржа голем народен собир под мотото „Македонија силна!“.

Loading...

Од партијата велат дека ова е најголемиот митинг во историјата на Македонија, т.е, според партиските проценки велат дека присутни биле околу 90.000 граѓани.

Од Куманово, според претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Драган Петковски, вчера се упатиле околу 60-тина автобуси и стотина приватни автомобили. Видливо беше и присуството на членови на ДПСМ од Куманово, како и на лидерот Иван Стоиљковиќ, кој стоеше зад Груевски.

 

[huge_it_gallery id=”51″]

На двочасовниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на владините политики што се одржа пред Собранието, лидерот на партијата и премиер Никола Груевски изјави дека нема да се повлече од функцијата, дека „креираните“ материјали на опозицијата уште повеќе ги зајакнала и дека Македонија нема да дозволи да има премиер како Зоран Заев.

На собирот на владејачката партија пред Собранието имаше активисти и симпатизери од многу градови во земјава, се вееја партиски знамиња и знамето на Македонија, а дел од активистите носеа жолти крстови.

Со свои говори настапија историчарката Виолета Ачкоска, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски и почесниот претседател на СОНК Дојчин Цветановски.

Најголем дел говорите беа против „политичките бомби“ на опозицијата, а последен настапи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски кој читаше говор од 45 минути.

Loading...

 

По народниот собир, членови на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партии останаа да кампуваат пред Собранието на РМ.

Leave a Reply