Влијаат и на здравјето и на психата: Јадете три урми дневно и овие промени ќе се случат

Сподели со своите пријатели

Урмите се толку здрави што се речиси неопходни во нашето мени. Фактот дека се многу слатки и вкусни оди во нивна корист. Се што ви треба е да земате три урми секој ден.

Loading...

1. Вашите коски ќе бидат поздрави

Минералите кои се наоѓаат во сувото овошје како што се фосфор, калиум, калциум и магнезиум, ги зајакнуваат нашите коски и се борат со болести како што е остеопорозата.

 

 

2. Метаболизмот ќе работи како часовник

Метаболизмот бара влакна, а урмите содржат многу влакна. Урмите спречуваат запек, надуеност и се што ја попречува нормалната работа на цревата. Научниците докажаа дека оние луѓе кои редовно јадат урми, немаат никакви проблеми со метаболизмот.

Loading...

 

 

3. Ќе заборавите на стресот и депресијата

Урмите содржат витамин Б6, кој му помага на телото да произведе серотонин, што го подобрува здравјето на мозокот. Серотонин го регулира вашето расположение, а норепинефринот се бори против стресот. Науката докажа дека ниското ниво на витамин Б 6 е директно поврзано со депресијата. Колку повеќе витамин Б6 внесуваме во телото, толку подобро ќе се чувствуваме и физички и психички.

4. Ќе пукате од енергија

Урмите се богати со растителни влакна, калиум, магнезиум, витамини и антиоксиданси што ги прави совршена ужина. Тие обезбедуваат трајна експлозија на енергија благодарение на шеќерите што ги содржат како фруктоза и гликоза.

 

Loading...

 

5. Вашето срце ќе ви биде благодарно

Истражувањата покажаа дека урмите го намалуваат нивото на триглицериди и го намалуваат оксидативниот стрес, кои се фактори на ризик за срцеви заболувања и атерогенеза. Тие се богат извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот од мозочен удар, како и други болести поврзани со срцето.

6. Ќе заборавите што е алергија

Урмите се познати антиалергени. Ги спречуваат симптомите на речиси сите алергени.

 

Loading...

7. Ќе станете послаби

Урмите имаат таков состав што го чистат телото од токсини, масти, го подобруваат варењето, што доведува до губење на тежината.