Владата го утврди начинот за објавување на договорите за јавни набавки

Сподели со своите пријатели

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за начинот на кој ќе се објавуваат јавно склучените договори за јавни набавки.

Во оваа насока се задолжи Бирото за јавни набавки веднаш да го надгради Електронскиот систем за јавни набавки со функционалност за прикачување на договорите кои подлежат на известување на склучен договор, со додавање на задолжително поле за прикачување на склучениот договор.

Истовремено Владата им препорачува на државните договорни органи, единиците на локална самоуправа, јавните претпријатија, јавно- приватни субјекти основани од Владата и трговски друштва во сопственост на Република Македонија, да ги објавуваат договорите за јавни набавки на Електронскиот систем за јавни набавки.

Извор: МИА

Loading...