Викендов летаа казни во Куманово за пијани возачи и брзо возење

Сподели со своите пријатели

Вкупно 83 казни изрекла полицијата викендов во Куманово, дел од нив за возење со брзина над дозволеното, а дел поради возење во алкохолизирана состојба.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на Куманово изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции и 24 санкции за возење под дејство на алкохол, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Никола Ивановски