Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонцето!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне од 3 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се спушти до -7 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до петиот степен целзиусов.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу -4 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне до седмиот степен целзиусов.

 

 

Сончево и стабилно време ќе имаме в недела. Ќе дува слаб ветер од источен, односно југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до -2 степени, а максималната дневна се очекува да достигне осум степени целзиусови.

 

Loading...

 

Сончево, стабилно и суво време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски