Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу петтиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 20 степени целзиусови.

Утре во кумановско ќе имаме сончево и топло време.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу петтиот степен, а дневниот максимум се очекува да достигне 21 степен целзиусов.

Во недела ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти околу 4 степени, а максималната во текот на денот ќе се искачи до дури 24 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и во првата половина од следната недела по што ќе следува дожд и пад на температурите.
Никола Ивановски

