САД нудат награда од 10 милиони долариза проирански водач на шиитска милиција

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави понудија награда од 10 милиони долари за информации што ќе доведат до водачот на проиранската шиитска милиција Катаиб Саџид ал-Шухад, објави денес Асошиејтед Прес.

Како што објави Стејт департментот како дел од програмата „Награди за правда“, целта на потерницата е Хашим Финјан Рахим ал-Сараџи, за кого се вели дека е водач на групата.

Според американските власти, членовите на Катаиб Саид ал-Шухад убиле ирачки цивили и нападнале американски дипломатски мисии во Ирак, како и американски воени бази и персонал во Ирак и Сирија.

Неколку шиитски милиции поддржани од Иран дејствуваат во Ирак и се дел од Националните сили за мобилизација, формирани по падот на Мосул во 2014 година за да ги формализираат доброволните единици што учествуваа во борбата против Исламската држава, според Асошиејтед Прес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хрвати и Црногорци на бродот што го запленија Иранците