Ракометарките на Куманово утре на домашен терен го пречекуваат силниот состав на ЖРК Ѓорче Петров во рамки на домашниот шампионат.
Кумановки ќе се најдат пред тежок предизвик, со оглед дека скопскиот тим е лидер на табелата и еден од фаворитите за освојување на титулата оваа сезона.
Избраничките на тренерот Александар Бојковски засега се на цврста четврта позиција.
Утрешниот меч се игра од 12 часот во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а влезот е слободен.
Никола Ивановски

