Ракометарите на Куманово утре против Струга

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре на гостински терен ќе ги одмерат силите против РК Струга во рамки на 6. коло од плеј-аут лигата.

Кумановци имаат фаворитска улога на утрешниот меч и можност да ја продолжат победничката серија во која се влезени.

Засега Струга е една позиција подолу во табелата од кумановци, со три победи помалку.

Утрешниот меч се игра со почток во 18 часот во Спортската сала  „ТИМИ“ во Струга.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Сончево и топло, со северен ветер