Викенд прогноза за Куманово: Откажете ги плановите за во природа

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево до умерено облачно време, но со услови за повремен краткотраен дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи во интервал од три степени во утринските часови, до максимални 14 во текот на денот.

 

 

Недела носи облачно време со врнежи од дожд и умерен до повремено засилен ветер од северен, односно северозападен правец.

Loading...

Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, а максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

 

 

Врнежите од дожд се очекува да се задржат и на почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски