Ветувања за дополнителна воена помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Во Брисел, повеќе од 50 западни земји се состанаа и ветија дополнителна воена помош за Украина, особено оружје за противвоздушна одбрана, по жестоките одмазднички напади нарачани оваа недела од рускиот претседател Владимир Путин како одговор на експлозијата на мостот на Крим.

Loading...

Ветувањата на сојузниците ја вклучуваат и најавата на Франција дека ќе испорача радарски и воздушни одбранбени системи на Украина во наредните недели.

Британија вети противвоздушни ракети, а Канада соопшти дека меѓу другото ќе обезбеди и артилериски ракети.

На состанокот на Контакт групата за одбрана за Украина во Брисел, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека најновите напади на Русија го разоткриле нејзиното „зло и суровост“ од инвазијата на Украина на 24 февруари.

Најмалку 26 лица се убиени од понеделникот во руски ракетни напади низ Украина.

„Колку повеќе помош добива Украина сега, толку побрзо ќе ја завршиме руската војна“

Украина го сврте бранот од септември со забележителни придобивки, но ќе и треба поголема помош, рече тој.

„Ќе направиме се што можеме за да се осигураме дека тие го имаат она што е потребно за да бидат ефективни“, им рече Остин на новинарите.

Од нападот во понеделникот, Германија го испрати првиот од четирите системи за воздушна одбрана IRIS-T SLM, додека Вашингтон рече дека ќе ја забрза испораката на ветениот систем за воздушна одбрана НАСАМС.

Loading...

„Колку повеќе помош сега добива Украина, толку побрзо ќе ставиме крај на руската војна“, рече Зеленски во видео обраќањето на форумот за време на годишните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, на Генералното собрание пред гласањето изјави дека резолуцијата е „политизирана и отворено провокативна“, додавајќи дека „може да ги уништи сите напори во полза на дипломатско решение на кризата“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.