Вест Хем купува напаѓач на Брентфорд

Сподели со своите пријатели

Вест Хем се договори со Брентфорд да го купи напаѓачот Саид Бенрахма, објави новинарот Фабрицио Романо.

Loading...

Според изворот, зделката е завршена, а официјална потврда ќе биде објавена наскоро. Се известува дека фудбалерот претходно ја одбил понудата од италијанскиот шампионат, а исто така за него се интересираа и два клуба кои играат во Лигата на шампионите.

Во сезоната 2020/21, 25-годишниот Алжирец постигна два гола на три натпревари за Брентфорд, во втора по квалитет фудбалска лига во Англија – Чемпионшип.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 22 милиони евра.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply