„Весела станица“ ново дело од проектот „На патот“

Сподели со своите пријатели

ЛАГ „АБЕР 2015“ продолжи со имплементација на проектот „На патот“, финансиран од швајцарската амбасада. Академскиот сликар Дејвид Стоилкововски-Дејс ја уреди руинираната автобуска постојка на местото Света Петка, една од првите контактни места на туристите кои патуваат кон Кокино и црквата Свети Ѓорѓи, на подрачје на општината Старо Нагоричане во близина на магистралниот пат кон Бугарија и граничниот премин Свети Прохор Пчињски.

Loading...

– Руинирана и стара, автобуската постојка долго време го нагрдуваше околниот пејсаж и со ништо не ги мамеше туристите да претпостават какви убавини и споменици крие овој крај. Токму затоа ние ја одбравме како место на кое што проектот ќе дејствува. Академскиот сликар Дејвид Стоилковски – Дејс се потруди врз неа да го остави својот уметнички печат, претварајќи ја грдата постројка во уметничко дело насловено „Весела станица“, кое сега претставува портал кон културното наследство и скриените уметнички вредности на нагоричкиот крај-вели раководителот на проектот, Дејан Ѓорѓиевски.

Од ЛАГ „АБЕР 2015“ се надеваат дека оваа интервенција ќе ги поттикне сите чинители да воочат како со минимални средства и време може да се продуцираат значајни и ефектни продукти, кои ќе ја хранат човековата потреба од естетика, за која што најчесто не сме ни свесни дека ја имаме. Оттаму додаваат дека продолжува соработката со уметниците и оние кои ја поддржуваат уметноста.

Leave a Reply