Верувале или не, калории трошиме и додека стоиме исправени: Еве како и колку!

Сподели со своите пријатели

Ако работите исправени зад бирото со надеж дека ќе согорите повеќе калории во текот на денот, тогаш имаме една непријатна вест за вас.

Loading...

Научниците од Универзитетот во Јужна Каролина направија темелно истражување на тоа колку калории гори човек кога е во исправен, седнат и кога оди во рок од 15 минути.

 

 

Излегува дека стоењето во исправена положба за четвртина час предизвикува само околу 2 калории поголем трошок на телото отколку ако тоа е во седечка позиција, т.е. 8-10 калории на час, кои се крајно недоволни за да ја променат на некој начин вкупната тежина, тврди д-р Сет Кријзи, автор на студијата.

Повеќето луѓе веруваат дека стоењето исправен помага за значително горење калории, бидејќи во таа положба се активираат најголемите мускулни групи – оние на нозете. Тоа, сепак, не се случува, освен ако човек не се движи додека е во исправена положба, објасни Кријзи.

 

Loading...

 

Научниците измериле и колку калории се горат во текот на одење во рок од 15 минути. Резултатите покажуваат во просек околу 56 калории, што е за неколку пати повеќе отколку потрошувачката на телото во мирување. А сепак стоењето не е бесмислено.

Важно е да ги менувате позите на неголеми интервали, за да го ублажите притисокот на грбот, советува Сет.Некои истражувања пак тврдат уште дека при активирање на мускулите на нозете, може да ја подобрите контролата над нивото на крвниот шеќер.