Верниците денес го чествуваат името на свети Константин и Елена

Сподели со своите пријатели

Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите.

Loading...

Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Именден празнуваат: Костадин, Костадинка, Кочо, Елена, Ленка…

Константин е најстариот син на царот Констанциј Флор, и царицата Елена. Констанциј имал и други деца од друга жена, а со Елена го имал само Константина. Константин е роден во Ниш на 27 февруари 274 година, каде што татко му како висок римски службеник тогаш бил на служба. Кога татко му умрел, во Англија, во 306 година како император на Западната римска империја Константин го заменил на императорскиот престол.

Мајка му Елена, многу добра и побожна жена, го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува зашто тие се добри луѓе. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка на душата гледал како царските војници ги мачат и убиваат христијаните. Кога станал император тој раководел со мудрост и разбирање за сите поданици на империјата. Тогаш и христијаните почувствувале поголема слобода за своите верски чувства.

Leave a Reply