Ватикан најави дека ќе отвори две гробици поради случај стар 36 години, а поврзан со исчезнување на тинејџерка. Мистериозната трага испратена е на семејството на девојчето во писмо минатата година.
Ватикан без објаснување отстрани 14 книги од Библијата
Емануела Орланди имала 15 години кога исчезнала во 1983 година додека одела на час по флејта во центарот на Рим.
И покрај тоа што полицијата смета дека во прашање е класичен случај на киднапирање, случајот довел до бројни шпекулации за улогата на католичката црква во него и прикривање злочин од страна на Ватикан.
Ватикан во страв од нова книга: 80 отсто од свештениците се хомосексуалци
Меѓутоа, 35 години по исчезнувањето на Емануела, анонимна дојава дојде на насловните страници и повторно го разбуди интересот на јавноста.

Непотпишаното писмо содржело само една реченица: „Гледај каде што ангелот покажува“, со фотографија од мермерна статуа на ангел над гробницата во тетвонските гробишта во Ватикан, кои се резервирани за високите претставници на црквата со германско и австриско потекло.
Скандал: Бордели и салони за масажа меѓу недвижнини на Ватикан
Покрај тоа што се звучи како од „Кодот на да Винчи“, семејството на Емануела од очај било каква трага да ги доведе дов истината, започнале петиција Ватикан да ги отвори гробниците.
Портпаролот на Ватикан, Алесандро Џисоти, најавил дека ќе се прифатат молбите на семејството и ќе им се помогне конечно да го симнат велот од мистеријата.
Семејството, нивните адвокати и членови на Светата столица ќе се сретнат на 11 јули за да сведочат на отворањето на гробниците. Прелиминарната истрага покажала дека гробниците се отворани барем еднаш откако прв пат биле запечатени.
Папата ги открива тајните архиви на Ватикан од Втората светска војна
Исчезнато уште едно девојче
Мирела Грегори (15), ќерка на сопственик на еден бар, изчезнала без трага на 7 мај 1983 година и тоа пред Емануела. Нејзе и се губи секаква трага откако заминала на состанок со познаник.

